| четврток, 6 декември 2018 |

Наинголан: Давам сe од себе откако дојдов во Интер

Белгискиот фудбалер, Раџа Наинголан, кој од летово ги брани боите на Интер, во интервју за „Скај Спорт“ ги сподели своите амбиции со „црно-синиот“ дрес.

– Давам се од себе за овие бои откако дојдов во Интер. Морам да ја подобрам играта, но наскоро ќе бидам во најдобра форма. Тука ме примија многу добро и се чувствувам како дома. Среќен сум што сум дел од Интер и се надевам дека ќе имам многу позитивни емоции. Ја започнавме сезоната лошо, но сега сме повторно на вистинскиот пат. Сакаме да освоиме трофеј, вели Наинголан.

Тој упати и пофални зборови за својот тренер, Лучијано Спалети, со кој заедно соработуваше и во Рома.

– Спалети и сите тука ме сакаа во Интер. Тој е тренер кој многу ме поддржува и тоа ми е важно. Сега уживам во моментот. Има многу ентузијазам меѓу навивачите и тимот. Да играш пред полн стадион те полни со енергија. Ќе се потрудиме да победиме на секој натпревар. Сакаме да им дадеме на нашите фанови многу позитивни емоции, додал популарниот „нинџа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top