
Од неофицијални извори од СДСМ дознаваме дека Зоран Заев ќе се обиде да ја спасува политичката кариера кандидирајки се за претседател на државата. Дури и неговите блиски кругови биле свесни дека политичката штета што си ја нанесува прифаќајќи го договорот со Грција е непремослив тег кој го влече надоле и дека нема иднина на политичката сцена.
Реперкусиите од евентуалниот прифатен договор кои би следеле и неговото туркање на сила допрва ќе создаваат незадоволство, особено кога ќе дојде на дневен ред менувањето на личните документи и називите на институциите. „Егзит“ сценариото кое било спремено е да Заев се кандидира за претседател каде клучна ќе му биде поддршката од Албанците како гласачко тело во моменти кога ја губи поддршката од Македонците.
Токму затоа Заев на Албанците веднаш после референдумот ќе им испораца Закон за двојазичност и уставни амандмани со кои албанскиот народ че стане конситутивен народ и од мултиетничка земја ке станеме бинационална. Воедно извори од СДСМ говорат дека битката околу престелот на партијата се засилува каде најсигурни засега кандидати се Оливер Спасовски, Манчевски и незадоволното крило на Црвенковски.
Заев претседателското место го посакувал и поради можноста за амнестија која ја дава позицијата со оглед на големите афери кои се врзуваат со врвот на власта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


