Едно лице завршило со повреди во инцидент кој се случил вчера во трговски објект на булеварот „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар. Како што соопшти полицијата, во насилството, пријавено во Полициската станица околу 12 часот и 40 минути, учествувале 52-годишниот Љ.Н. и неговиот 27- годишен син Ш.Н. од Долна Бањица.
Според податоците од СВР Тетово, двајцата пријавени започнале вербална расправија со вработените во објектот околу цената на одреден производ што претходно го купиле, по што синот со лопата што ја зел од излогот, во меѓусебната тепачка го удрил по главата гостиварецот Н.З, а таткото со мотика го скршил и изложното стакло. Повредениот бил пренесен во гостиварската општа болница „Ферид Мурад “ каде му била укажана лекарска помош.
Таткото и синот биле лишени од слобода како и уште четири лица кои учествувале во тепачката.
(извор – Гостиварпрес.мк)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст