| четврток, 6 декември 2018 |

Нуди 1.200 евра плата и сместување, но не може да најде работници

Амир Алијагиќ во Конавли произведува ПВЦ столарија и свои производи извезува во соседните земји. Најголем проблем му е работната сила која тешко се наоѓа иако нуди одлични услови. Просечната плата е околу 8 до 9 илјади куни.

-Работниците имаат сместување и храна. Сега имам 10 работници, а ми требаат уште, но работници е тешко да се најдат – рекол Амир за хрватската Нова ТВ. Работна сила побарал во соседните земји. Хрватска веќе долго време се бори со недостиг на работна сила, а оваа година особено имаше побарувачка на сезонски работници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top