| четврток, 6 декември 2018 |

Сари: Ни треба уште една година за да бидеме како Ливерпул

Единствено во Англија преку неделава нема да има првенствени натпревари, туку ќе се игра во Карабао купот. Најинтересна ќе биде пресметката меѓу Челси и Ливерпул, а Маурицио Сари уште сега се огради од фаворитска улога, велејќи дека тие заостануваат зад црвените една година.

– Не ми е јасно зошто во Англија, кога сте гостин не може да си побарате натпревар во понеделник навечер. Во Италија тоа е нормално, вели новиот менаџер на сините.

Италијанецот кој одлично ја започна сезоната го очекува вистински тест, двомеч со Ливерпул, прво во 1/16-финалето во Лига-купот, наречен Карабао, а потоа и во Премиерлигата.

– Ќе се соочиме со еден многу, многу добар тим, кој работи со истиот тренер веќе неколку години. Тие се чекор пред нас во моментов. Ние почнавме да работиме заедно пред 40 дена, па и помалку со некои кои имаа обврска со репрезентациите. За нас е малку рано. Мора да работиме и да се подобриме и можеби за една година ќе бидеме на нивото на Ливерпул, додаде Сари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top