Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против С.С. (25) и две малолетнички на возрат од 15 и 16 години, сите од Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „кражби“.
Пријавените ги извршиле кражбите во текот на минатиот и овој месец. Тие влегувале во бутици под изговор да разгледуваат, но го искористувале невниманието на сопствениците и одзеле паричници и чанта.
– Трите бугарски државјанки влегувале во бутици под изговор да разгледуваат, но го искористувале невниманието на сопствениците и одзеле паричници и чанта. Во еден случај кражбата ја извеле на тротоар на тој начин што додека оштетената минувала покрај нив тие незабележително и го оделе паричникот од чантата. Од кражбите пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 216.000 денари, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
За сите случаи полицијата против бугарските државјанки поднела и кривични пријави за три кривични дела „кражби“.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст