Од понеделник навечер и во текот на ноќта кон вторник кај нас ќе настапи голема промена на времето и тоа особено во поголед на температурите на воздухот и ветерот од северен правец кој ќе биде засилен по интензитет, прогнозира самоукиот метеоролог Славчо Попоски.
Температурите на многу места ќе опаднат за околу па и за повеќе од 10тина степени а понекаде дури за околу 15тина степени.
Од вторник максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот само од 15 до 23 степени додека наутро веќе на некои места истите ќе се спуштат дури и под нулата со што го очекуваме и првиот мраз оваа сезона особено на повисоките населени места како и на планините.
Услови само за локален дожд и тоа особено на север од држвава ќе има во вторник додека на повисоките планини на северозапад не се исклучува и сосема слабо провејување на снег.
Потоа и во следните денови по вторник ќе остане свежо и ветровито а наутро и релативно студено со ниски утрински температури и услови за појава на локална слана или слаб мраз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст