Премиерот на Владата на Република Македонија ја одби поканатаа за ТВ-дебата на лидерот на опозицијата Хрситијан Мицкоски, но затоа ќе дебатира со истомислениците и вицепремиерто на неговаата влада Бујар Османи и Радмила Шекеринска. Колку и да звучи нереално, за жал, не е виц.
Уредникот на Топ тема на Телма Боби Христов за вторник најави јавна дебата со премиерот Зоран Заев и вицепремиерите Бујар Османи и Радмила Шекеринска.
Човекот „отворен за дебата“, човекој кој повикува да се дебатира и за шахтите во паланечките села, избега од дебатата со лидерот на опозицијата за да дебатира со своите.
-И така силно грчевито се борат да не се збори за договорот и затоа избега од дебата, човекот кој се колнеше и бараше дебати. Па сакал да му кажам што мислам за апстиненција? Прифати Зоран Заев дебата јас и ти без медиумската машинерија и скапо платените советници, јас и ти очи во очи на било која телевизија, ти ветувам на таа дебата на крај веднаш ќе ти кажам што мислам, за апстиненцијата, но претходно ќе треба и да одговориш за наведнатата кичма, за губењето на идентитетот, за одземеното достоинство на народот, за наместените тендери, за криминалот кој го правиш на дневно ниво и зошто нема никаква санкција за тоа. Нема вечно обвинителството да биде немо на криминалот а судовите да работат под притисок. Ќе дојде ден ќе се постави прашањето за одговорност и за тоа како среде центар на град сам си кажува дека поттикнува поткуп и врши притисок на фирми само за да луѓето излезат да гласаат на референдумот. Истото тоа го прави со години наназад, дали тоа биле парламентарни или локални избори. Па нели тоа е еден нечесен однос и потценување на својот народ, ова ли се тие европски вредности Заев со кои ти ја полнеа устата на полупразните плоштади ширум Македонија, му порача Мицкоски од Штип на Зоран Заев.
Овој потег на провладините медиуми во спрега со премиерот и вицепремиерите е последен удар без демократијата и јавните соочувања. Се уште живо ги памтиме нивните реакции и обвинувања упатени на адресата на владата на Груевски, која беше напаѓана дека не прифаќа јавна дебата и бега од телевизиски соочувања.
За паралела, како би реагирале ЗНМ или новинарите кои се декларираа како независни и опозициски доколку Латас би водел дебата на која би учествувале Груевски, Пешевски и Ставрески?
Дури, ако се подразмисли, овој формат на ТВ-дебата го надминува и комунистичкото едноумие – дури и во време на комунизмот немало дебата меѓу Тито, Колишевски и Ранковиќ, а веројатно цела американска јавност би се смеела кога би се организирала дебата меѓу Трамп, Пенс и Матис…
На крајот повторно останува отворено прашањето зошто Заев бега од соочување, а се обидува да го прикрие со оваа ТВ-комедија во вторник навечер?
– И Квислинг имал став како вас, но бил запишан на темната страна на историјата. Поважно е каков е ставот. А кога сме кај стравот, зошто господине Заев страв од дуел, ако веќе имате став? Ајде на дуел да ги спротивставиме аргументите и да види народот како изгледате кога всушност немате став, ниту кичма и морал. И да видите што е вистински став. Римата е забавна, иако гледам имате време за тоа, но овде се работи за Македонија, нашата историја и иднина, прашува претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст