| четврток, 6 декември 2018 |

Претепаното момче во Аеродром: Лихвари се обидоа да ме убијат

Синоќа на улицата Методија Шаторов Шарло пред угостителски објект беше претепано 27 годишно момче од Драчево. Истото, во бессознание беше пренесено на Клинички центар во Скопје, каде и моментално се наоѓа.

Во изјава за „Фокус“, тој раскажал што се му се случувало во текот на вчерашниот ден.

– Сè се случи многу брзо. Не успеав да им ги видам лицата, а девојката што беше до мене ги препозна. Ме нападнаа 4-5 лица, кои претходно ми изнудуваа пари. Ме удираа со пиштол во главата, и два пати во ногата бев прободен со шрафцигер или нож. Едноставно, се обидуваа да ме убијат, изјавил В.Д.

Како што раскажал, станува збор за лихвари, кои според него се познати во Скопје по криминал и насилства.

– Станува збор за лихвари кои се познати во Скопје. Јас го имам вратено долгот што го имав кон нив, но тие ја бараа каматата. Поради тоа се случи сето ова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top