Мајка од Макарска, Хрватска била повика од професорите да патува до Прага за да си го земе синот кој се опијанил на матурската екскурзија.
Како што пишува „Слободна Далмација“, станува збор за преседан бидејќи вакви ситуации не се случуваат често. Досега се случувало ученици поради болест или некоја друга сериозна причина да бидат испратени дома за време на ексурзиите, но не и поради пијанство, кое што е честа појава за време на ваквите патувања на матурантите.
Професорите тврдат дека постапиле согласно Правиликот за настава, кој е регулиран со протокол.
,,На водачот на екскурзијата му предложив да почека до изутрината за да се отрезни ученикот, но таа одби бидејќи сметаше дека оваа мерка ќе биде предупредување и за останатте ученици. Повеќе не можам да ви кажам за случајот”, вели професорката Нада Шимиќ.
По пијанството со момчето во хотелот останал неговиот класен раководител, а останатите ученици заминале во рагледување на градот. Околу 13 часот во Прага пристигнала и мајката на момчето, која пропатувала 1 100 километри за да го земе својот син дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст