| четврток, 6 декември 2018 |

Не се првпат пожарникарите во „станот со пелените“: Пред 20 години вареа ракија во казан

Во станот поради кој вчера попладне беше евакуирана цела зграда на булеварот Кузман Јосифовски Питу 15 во ТЦ„Скопјанка“ во скопската општина Аеродром, пред 20 години интевенирала Пожарната бидејќи сопствениците вареле ракија во него.

Станарите од зградата откако синоќа специјалните единици на Армијата открија дека купишта пелени со измет и урина се причина за острата миризба која ги натерала да ги напуштат домовите, за сдк.мк  раскажаа дека со години наназад имаат проблеми со сопствениците на овој стан.

-Во станот живеат мајка и ќерка. Мајката е стара околу 90 години, а ќерката е шеесет годишна. Проблеми со хигиената во нивниот стан имало секогаш, но никој не веруваше дека ќе дојде до ова. Ова не е прв пат Бригадата за противпожарна заштита да интервенира во овој стан. Пред дваесетина години ја викнавме Пожарната оти излегуваше чад од станот, мислевме дека избил пожар. Но кога влегоа, пожарникарите констатираа дека мажот на ќерката кој сега е починат, ставил казан во станот и вари ракија, велат станари кои живеат во зградата.

Целиот текст на СДК.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top