Генералниот директор на Бугарската телеграфска агенција (БТА) Максим Минчев во интервју по повод 20-годишниот јубилеј на МИА ја потенцира добрата и професионална соработка меѓу двете новински агенции.
-Соработката меѓу Македонската информативна агенција и Бугарската телеграфска агенција е плодна и професионална. Низ годините заедно одржавме неколку форуми, работевме на заеднички проекти. Се надевам дека, сепак, најдоброто во партнерството ни претстои – како во однос на регуларната размена на информации меѓу двете агенции, така и во нашата работа за општиот интерес. Тоа го поврзувам и со претстојното отворање на прес-центар на БТА во Скопје и на прес-центар на МИА во Софија. Преку нашите новинарски центри ќе ја продлабочиме меѓусебната соработка, вели Минчев во интервјуто за МИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст