| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазено 16-годишно девојче во Автокоманда, итно пренесено на скопските клиники

Шеснаесетгодишно девојче се здобило со тешки повреди откако во него удрило автомобил во скопската населба Автокоманда.

Според дневниот билтен на МВР, вчера околу 12 часот во полиција било пријавено дека на булевар „Александар Македонски“ автомобил „фиат браво“ со прилепски регистерски ознаки управувано од И.К. (62) од Прилеп удрило во 16-годишно девојче од село Миравци, гевгелиско.

Девојчето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот и се утврдуваат причините како дошло до несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top