Секторот за внатрешни работи Тетово, по преземени мерки го расчисти разбојништвото кое вчера околу 9 часот беше извршено во менувачницата, односно агенцијата за трансфер на пари, лоцирана на улица „Илинденска“ во Тетово. Од слобода се лишени четири лица поради основано сомнение дека се сторители на кривичното дело . Од слобода се лишени М.М. (56) и Р.С. (35) двајцата од Италија и Е.В. (32) и Х.Л. (57) од Тетово.
Италијанскиот државјанин М.М. и тетовците Е.В. и Х.Л. поради основи на сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“, а Р.С. поради сомнение дека извршила кривично дело „прикривање“.
Првоосомничениот М.М. влегол во објектот и заканувајќи му се на вработениот со пиштол од метален сеф и фиока противправно одзел парични средства во вкупен износ од околу 20.000 евра, по што со такси возило управувано од Х.Л. веднаш се оддалечил заедно со другите осомничени, кои го чекале во непосредна близина.
Набрзо, четворицата осомничени се упатиле кон угостителски објект покрај регионалниот пат Тетово – Волковија, каде ги поделиле одземените парични средства, по што во друг угостителски објект каде престојувале, лишени се од слобода од полициски службеници на СВР Тетово.
Во текот на денешниот ден четворицата ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст