| четврток, 6 декември 2018 |

„За бољи живот и Европску унију“: Замајани и гладни, организирани од штабовите не знаат за што доаѓаат во Скопје (ВИДЕО)

Градско, Ресен, Струмица, Куманово, Радовиш, Штип, Битола, Кочани, Велес, Крушево… со сендвичи и сокчиња во рацете и со заблуда во главите стотици организирани од месните комитети на СДСМ доаѓаат во Скопје за европска Македонија.

Кутрите луѓе, всушност, и не знаат за што доаѓаат – им рекле името нема да се менува, ќе сме влезеле по 20 декември во Европска унија.

-Доаѓаме за европска Македонија, сами се организиравме, не чекаме некој да ни каже, сакаме таму, вели жителка на Градско.

Доаѓаме за Заев, велат струмичани.

-Доаѓаме за поддршка на Македонија за НАТО и Европа, за подобра иднина, промена на име нема, никојпат не сме биле Република Македонија, заблудени се штипјанки.

За промена на името, може, одговара, кочанчанки немаат ништ против.

-За целу Македонију на 30 да победимо, да улегнемо у Европску унију, у НАТО, за бољи живот, да го смениме името и тој, само напред да иде Македонија.

-Доаѓаме од Велес, градот на Кочо Рацин, на Главинов, на гемиџиите. Поддршка за Македонија. Да се смени името? НЕ!, полни автобуси заблудени велешани.

-Зоки дојдовме да го посетиме за референдумот од Крушево, илинденско Крушево. Преку штабовите сме дојдени, потврдува крушевчанец.

Скопјани, пак, ги пречекуваат како „безимени“.

-Безимени ги викаме овие, овие се безимени, вели скопјанец кој ги одминува автобусите паркирани во Кисела Вода.

Инфомакс направи анкета пред автобусите кои ги донесе СДСМ, а на митингот во Скопје имаше граѓани од Струмица, Градско, Ресен, Штип, Кочани и други градови од Македонија.

„Северњаците во голема мера ја покажаа својата некултура и говореа навредливи зборови упатени кон политичките противници на СДСМ, а за жал беа убедени дека немало да има промена на името. На прашањето дали доаѓаат за да поддржат промена на името некои и бурно реагираа, очигледно против таквата промена“, пишува во текстот на Инфомакс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top