| четврток, 6 декември 2018 |

Во НАТО ќе нѐ внесуваат луѓе кои ја запалија Амбасадата на НАТО во Скопје во 1999 година (ВИДЕО)

Драгиша Милетиќ, претседателот на Српската напредна партија во Македонија, беше еден од главните учесници на маршот на власта во кампањата „Излези ЗА“ на референдумот закажан за 30 септември.

На маршот учесниците испратија пораки дека мора да се гласа „ЗА“, за Македонија што е можно побрзо да влезе во НАТО и ЕУ. Но, истите тие кои вчера се удираа во гради ЗА европска Македонија во НАТО ќе не внесуваат со антиевропско и антизападно минато.

Милетиќ беше еден од организаторите на протестите против НАТО во Скопје  за време на бомбардирањето на СР Југославија во 1999  година. Тогаш, демонстрантите ја запалија Амбасадата на САД во Македонија. Дваесет години подоцна Милетиќ ќе ја внесува Македоинија во „зликовачка НАТО армада“.

На истиот настан предводник беше и вечниот пратеник Амди Бајрам, кој вчера исто така се залагаше за НАТО рамо до рамо со Шекеринска и Заев, исто како што во 1999 година бил рамо до рамо со Милетиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top