| четврток, 6 декември 2018 |

Олга Панкина ја претстави македонската култура на „Разноликост на културите“ во Москва

Деновиве во Москва се одржа литературната вечер „Разноликост на културите“. Настанот го организира невладината организациjа РОО Македонски културен центар во Москва. Настанот го водеше претседателот на Центарот Олга Панкина. На вечерта беа рецитирани песни од македонски и други словенски автори. Олга Панкина го претстави романот “Азбука за непослушните” од Венко Андоновски кој многу успешно беше презентиран на 31-от Московски саем на книга.

Во рамките на литературната вечер се одржаа изложбите на делата на московските уметници Александар Белугин (графика) и Игор Бурдонов (акварел) во кои доjдоа до израз нивните впечатоци од престоjот во ликовните колонии во Македониjа и Србија. Претставувањето на книгите беше придружено со прекрасни руски романси во извонредна изведба на пеачката Ема Лобанова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top