| четврток, 6 декември 2018 |

Македонецот ја продолжи голгетерската серија: Трајковски стрелаше за победа против Фоџа

Александар Трајковски ја продолжува септемвриската серија на голови. По прекрасниот гол против Кремонезе и еден од двата на македонската репрезентација во Гибралтар, денеска напаѓачот погоди и на гостувањето на Палермо во Фоџа (1-2) и му донесе победа на својот тим.

Имено, откако Крагл во првиот дел го отвори резултатот за домашно водство, во вториот дел Палермо израмни преку Салви, на додавање на Трајковски во 54. минута, а потоа Трајковски во 62. минута постигна гол вреден 3 бода.

Илија Несторовски натпреварот го почна на клупата за резервни фудбалери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top