| четврток, 6 декември 2018 |

По Косово, падна и Романија: Македонија со втора победа во претквалификациите за ЕП 2021

Кошаркарската репрезентација на Македонија оствари победа над Романија со 90-76 (43-35) во второто коло од претквалификациите за ЕП 2021 година.

„Жолто-црвените” одиграа добар натпревар во СЦ „Борис Трајковски” и во ниту еден момент не ја доведоа победата во прашање. Најефикасен во нашиот тим беше Војдан Стојановски со 21 поен, исто толку постигна и Бојан Трајковски, а 14 реализираше Американецот Хендрикс.

Македонија наредниот натпревар од претквалификациите го игра на 2 декември на домашен терен против репрезентацијата на Косово над која нашите кошаркари веќе остварија еден триумф и тоа на гостински терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top