Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини и австрискиот вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахе, демонстративно застанаа зад унгарскиот премиер Виктор Орбан.
-Убеден сум дека за неколку месеци ќе владееме со Европа заедно со Виктор Орбан- рече Салвини.
-Санкциите против унгарскиот народ и влада се политички акт и една лудост- додаде тој.
Салвини и Штрахе денес во Виена најавија понатамошна соработка меѓу Партијата на слободата на Австрија (ФПО) и италијанската Лига на претстојните избори на Европскиот парламент.
-На изборите следната година Европа целосно ќе ја промениме и социјалистите ќе ги исфрлиме од европските влади- убеден е Салвини.
Тој рече дека соработува со многу други партии, држави и влади, за историјата на континентот следниот мај да ја променат.
Штрахе истакна дека ФПО сака уште повеќе да ја продлабочи соработката со Лига.
-Постојат многу сличности меѓу нас. ФПО и Лига се двете во владите на своите земји, двајцата сме во одлична здравствена состојба, и двајцата очекуваме инспекцијата на ОН која треба да го провери третманот кон мигрантите во Австрија и Италија- истакна тој.
Салвини истакна дека многу нешта се иницирани за време на австриското претседавање со ЕУ, што придонесе „дури и до будење“ на Европската комисија.
Штрахе рече дека Австрија, како претседавач на ЕУ, сака да обезбеди Европа која себеси се штити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.