Екипата на Челси му се придружи на Ливерпул на врвот на табелата со пет од пет, но „Сините“ го запоседнаа првото место во Премиер лигата поради подобра гол разлика. Попладнево предводени од Еден Азар, избраниците на Маурицио Сари триумфираа со 4-1 над Кардиф.
Гостите стигнаа до изедначувачко водство преку Бамба во 15. минута, но Челси уште до крајот на првиот дел го сврте резултатот во своја корист. Азар и Жиру убаво комбинираа во 37. минта, а Белгиецот прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 1-1. Во 44. минута, Жиру одново го проигра Азар, кој со малку среќа погоди за 2-1.
Азар во 80. минута стигна до хет-трик, со удар од белата точка зголеми на 3-1 и ги реши сите дилеми, а 180 секунди подоцна точка на натпреварот стави Вилијан кој убаво пласираше во аголот од 16 метри.
Со оваа победа, Маурицио Сари стана четвртиот тренер во историјата на Премиерлигата кој тргнал со пет триумфи во низа. Тој влезе во одбрано друштво каде се наоѓаат Анчелоти, Гвардиола и Шекспир.
На останатите мечеви од 16 часот, Манчестер Сити рутински со 3-0 славеше над Фулам, Арсенал со 1-2 победи на гостувањето кај Њукасл, Борнмут со 4-2 ја доби пресметката со Лестер, а Кристал Палас со 0-1 и три бода си замина од гостувањето кај Хадерсфил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст