| четврток, 6 декември 2018 |

Неа демократија води, Грците сакаат предвремени избори

Дури 74% грчки граѓани размислуваат за избори по најавите на Алексис Ципрас за предвремени идната пролет, но тие се крајно сомнителни дали ветувањата на грчкиот премиер ќе бидат исполнети.

„За“ предвремени избори во наредните шест месеци, позитивно одговараат 58, наспроти 38 проценти кои мислат дека не се потребни.

Според „То Вима“ кој пренесува податоци од последна анкета, од оние кои велат дека се „за“ предвремени, 85 отсто се симпатизери на Неа демократија, додека од поддржувачите на владеачката СИРИЗА, негативно се изјасниле 66 отсто од анкетираните.

Рејтингот на партиите е во корист на опозициската Неа демократија за гоја би гласале 24,5 наспроти 19 проценти поддршка за сега владејачката СИРИЗА. На избори за Движењето за промени би гласале 7 отсто, за Златна зора 6, за комунистичката ККЕ 4,5%, партијата потами би добила 2, а Независните Грци на актуелниот партнер во владата само 1 отсто од регистрираните гласачи.

Мандатот на владата на Алексис Ципрас истекува во октомви, идната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top