| четврток, 6 декември 2018 |

Росоклија за својата ,,ЗА” генерација

Професорот на универзитетот Колумбија Горазд Росоклија пишува за “МОЈАТА ,,ЗА“ ГЕНЕРАЦИЈА”:

Генерација израсната без национално и лично самочувство.

Генерација која ќе се испотепаше да зборува јазик кој не го знае, српскиот.

Генерација која беше уплашена или засрамена да каже дека се Македонци, прво беа Југословени, па ако мораат беа и Македонци.

Генерација која македонската држава ја доживуваше како подарок кој Србија ни го дала.

Генерација за која најголемиот комплимент беше ако некој Србин, Хрват, Словенец ги потапша по рамо и им рече дека не личат на Македонци.

Генерација која никогаш не ги осозна своите корени, а кога не знаеш од каде доаѓаш, не знаеш ниту кој си.

Тоа е мојата генерација која ве воспита вас и овие што во име на сите нас се откажуваат од постоење македонска држава и македонска нација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top