| четврток, 6 декември 2018 |

Гвардиола: Кариерата ќе ја завршам таму каде што почнав

Актуелниот менаџер на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, за англиските медиуми открил дека е заинтересиран тренерската кариера да ја заврши онаму каде што ја започнал, во резервниот тим на Барселона. Тој ја предводеше Барселона Б во 2007 година, а потоа на клупата на првиот тим го наследи Франк Рајкард. Во неговата ера Барселона освои три титули во Шпанија, две во Лигата на шампионите и две на Светското клупско првенство.

– Моите тимови секогаш ќе се обидуваат да играат онака како што сакам јас, рекол 47-годишниот тренер.

– Ќе завршам онаму каде што ја започнав тренерската кариера, во младите категории. Се надевам дека тоа ќе биде младинскиот погон на Барселона, рекол Гвардиола, кој има договор со Манчестер сити до јуни 2021 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top