| четврток, 6 декември 2018 |

Русинот Черишев под истрага за допинг

Шпанската анти-допинг агенција отвори официјална истрага за рускиот фудбалски репрезентативец, Денис Черишев. Ова доаѓа по изјавата на таткото на играчот на Валенсија, дека тој примил инјекција за да третира повреда.

– Можеме да потврдиме дека почнавме истрага за да добиеме повеќе информации за случајот. Истрагата ја водиме заедно со руската анти-допинг агенција, а во контакт сме и со Светското анти-допинг тело, изјавил портпаролот на Шпанската агенција за здравствена заштита во спортот, која е надлежна за борбата со допингот.

Проблемите за Черишев почнаа кога неговиот татко во интервју за руски медиум изјави дека фудбалерот примил „хормон за растење“ во обид што побргу да се опорави од повредата и да биде подготвен за Светското првнество. Черишев ги отфрли обвинувањата, а репрезентативниот лекар на рускиот состав, призна дека фудбалерите земале амонијак, но демантираше дека примале некакви недозволени супстанци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top