| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје ќе се номинира за Европска престолнина на културата во 2028 година

Градот Скопје ќе се номинира за титулата Европска престолнина на културата во 2028 година.

Номинацијата за оваа престижна титула на Европската комисија денеска на прес-конфернеција ја најавија градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, националниот координарот за култура Роберт Алаѓозовски и директорот на Универзална сала Филип Аврамовски.

Градоначалникот Шилегов, рече дека сите активности на градот, како што е реновирањето на Универзална сала, ќе бидат насочени кон целта Скопје во 2028 година да биде Европска престолнина на културата.

Посочи дека процесот на површина ќе извади досега маргинализирани сегменти на културата, многу места кои се култни на свој начин и ја означувале различноста и индивидуалноста на луѓето да се вратат во фокусот на културниот живот на градот и ќе треба да бидат надминати постојните стереотипи и поделби.

Стратешкиот координатор на процесот, Роберт Алаѓозовски, рече дека програмата е сложена и бара три до четири години за подготовка на апликацијата, процесот на селекција трае две години, а одлуката за титулата се носи четири години пред почетокот на манифестацијата.

– Она на што секако планираме да се повикаме, 2028 година ќе биде и 65 години од земјотресот, е солидарноста, интернационалнсота што Скопје ја доби по траумата овој пат наша цел ќе биде да постигнеме еднаква интернационализација на Скопје преку еден процес на културно градење на градот, изјави Алаѓозовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top