| четврток, 6 декември 2018 |

Се огласи судијата кој беше нападнат од Серена: Моето судење беше спорно само за неа

Поминаа неколку дена од финалето на УС Опен, а светските медиуми се пишуваат за скандалот кој Серена Вилијамс ги направи на натпреварот. Откако вчера федерацијата на судиите најави бојкот на натпреварите на Серена доколку Американката јавно не се извини за навредите кон Рамос, денеска се огласи токму човекот кој ја делеше правдата на овој натпревар.

Вилијамс во текот на натпреварот го нарече „крадец“, а потоа го обвини и за сексизам.

– Моето судење не беше спорно за никој освен за Серена. Одлично се чуствувам и критиките не ме загрижуваат премногу затоа што истите не се поткрепени со аргументи. Нема потреба да се грижите за мене, изјавил Карлос Рамос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top