| четврток, 6 декември 2018 |

Судиите подготвуваат бојкот на натпреварите на Серена Вилијамс

Организацијата на тениски судии ја разгледува можноста да не ги суди наредните натпревари на Серена Вилијамс по скандалот во финалето на Ју-Ес опен. Вилијамс во борбата за титулата на УС-Опен беше поразена од Наоми Осака во два сета, но со своето однесување привлече големо внимание на себеси.

По натпреварот судијата Рамос го обвини за сексизам и повеќе пати кажа дека на натпреварот со Осака се борела за женските права и еднаквоста на половите.

Мислењата се поделени, Женската тениска асоцијација (ВТА) и Американската тениска асоцијација застанаа на нејзина страна, но Меѓународната тениска федерација (ИТФ) објави дека португалскиот судија бил во право за неговите постапки.

Судиите сега разгледуваат опции за да се заштитат, а една од потенцијалните е бојкот на натпреварите на американската тенисерка. Инаку, од Серена ќе се бара извинување за нејзиното однесување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top