| четврток, 6 декември 2018 |

Изненадување за Италијанецот, Буфон ќе биде резерва во ПСЖ

Со емотивно простување од клубот каде мина скоро две децении, голманската легенда Џанлуиџи Буфон изминатвото лето се реши да го напушти Јувентус. Многумина очекуваа дека тој ќе замине во пензија или пак можеби ќе се врати во Парма. Сепак, тој одлучи да оди во ПСЖ за кој бранеше на пријателските натпревари како и на првите два меча во лигата, но на наредните два меѓу стативите беше младиот Алфонс Ареола.

Јасна беше дилемата дека тренерот на Светците, Томас Тухел, ќе мора да одлучи кој од нив двајца ќе го одбере како прв голман, а иако одлуката не е дефинитивна, Германецот во интервју за „РМЦ Спорт“ вели дека Ареола има предност.

– Да, одбрав. Одлуката не е дефинитивна, но му кажав на Алфонс дека по мое мислење е во пол- позиција да биде прв голман на Париз Сен Жермен, кажа Тухел.

– Тој доаѓа од младите категории на нашиот клуб. ПСЖ е се’ за него и тој апсолутно сака да се докаже во својот клуб. Тоа е работа на која можеме доста да добиеме. Мораме да бидеме горди на играчи од неговата природа, потребни ни се играчи кои имаат душа на ПСЖ, кажа Тухел.

По oваа изкава логично беше прашањето – што ќе биде со Буфон?

– Со него ситуацијата е различна. Тој е легенда, идол на Алфонс кој е на негова страна. Тоа се два голмани со силен карактер. Џиџи тоа го знае, Ареола тоа го знае: Ако можеме во оваа конфигурација и ако бидеме паметни со двајцата, сигурен сум дека ќе направиме добра работа. Сигурен сум дека Ареола нема да биде добар покрај Џиџи, туку благодарејќи Џиџи, заклучува Тухел.

– Тој не е само играч на клупата. Тој е играч кој има огромно влијание на екипата секој ден. Бранеше одлично против Генгамп на пример. Од друга страна тој е на клупата бидејќи Ареола мора да има минути во игра. Може само да ги прекрсти рацете и да ужива во мечот. Но, тој не го прави тоа, туку комуницира со играчите, се обидува да помогне. И потоа разбирате зошто е голем и зошто има таква кариера, вели тренерот на ПСЖ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top