Двајца прилепчани го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа која се случила ноќта неделата кон понеделникот, 20-тина минути после полноќ на преминот Плетвар, кај селото Тројаци. До несреќата, во која животот го загубија 37 годишниот О.И и 56 годишниот Р.М., дошло кога од засега непознати причини возилото „Опел Астра“ со прилепски регистарски таблички, управувано од О.И., излетало од патот пробивајќи ја заштитната ограда на мостот и паднала во провалија длабока 50-тина метри.
Увид на лице место извршиле припадници на ПС Прилеп и Јавното обвинителество, а поради непристапниот терен за извлекување на телата била повикана и противпожарната екипа која скоро 5 часа се обидувала да ги извлече загинатите од провалијата.
(фото – Прес24)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст