| четврток, 6 декември 2018 |

Батлер и Ѓоковиќ направија шоу по победата: Ова е Спарта! (ВИДЕО)

Мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Дел Потро во Њујорк го следеше половина Холивуд, но слободно може да се рече дека најенергичен беше Џерард Батлер, кој успеа да влезе во боксот на Ѓоковиќ.

Џерард Батлер, кого го прослави легендарната улога на кралот Леонид во филмот „300“. по мечот со Новак неколку пати ја изговори култната реченица од тој филм „This is Sparta“ (Oва е Спарта)!

-Ова е Спарта! Горд сум што мојот Новак го освои Отвореното првество на САД вечерва. Има малку борци има како вој човек. Леонидас е негова инспирација со години, па стана наш слоган кој ни носи среќа. Сѐ што можам да кажам е му благодарам на Бога што не играше со Мари, изјави славниот актер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top