| четврток, 6 декември 2018 |

Мегвајер: Имаше интерес, но јас никогаш не размислував за заминување

Англискиот централен бек, Хари Мегвајер со своите одлични настапи во дресот на Лестер се наметна во англиската репрезентација, а тоа го привлече вниманието на поголемите европски гиганти или во случајов, Манчестер Јунајтед. Дефанзивецот летово беше на мета на „црвените ѓаволи“, но „лисиците“ ги одбија сите понуди и го убедија Хари и да потпише нов петгодишен договор со нив.

Токму на оваа тема проговори и самиот Мегвајер кој обелодени колку бил блиску или поточно далеку од преселба на „Олд Трафорд“.

– Не, јас не мислам така. Имаше интерес, но секогаш мојот ум беше чист кога разговарав со сопствениците на Лестер кои сакаа да ме задржат во клубот и да го продолжам договорот, дека сакав да играм за овој клуб. Последните две години беа извонредни за мене. Очигледно испаднав со Хал, а потоа минатата сезона му се приклучив на одличен тим како Лестер. Ги играв сите натпревари во Премиер лигата и дојдов до тимот за СП каде стигнавме до полуфиналето на што сум многу горд, порача стоперот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top