| четврток, 6 декември 2018 |

Обид за убиство: Италијанецот Фенати му стисна кочница на својот ривал при брзина од 220 км/ч (видео)

Неверојатен неспортски потег беше забележан на вчерашната трка за Големата награда на Сан Марин кога Италијанецот Романо Фенати се обиде да ја зграби кочницата на својот ривал и сонародник Стефано Манци доведувајќи го во сериозна опасност.

Крајно неспортски потег на Фенати кој е неверојатен за целокупната светска мотоциклистичка заедница се случи при брзина од 225 километри на час ја притисна кочницата на Манци. Сето тоа дополнително беше забележано од видео снимките на трката.

Откако се појавија видео снимките со срамниот потег, најдобрите светски мотоциклисти веднаш веќе денеска побара сериозна казна за Романо Фенати и негова доживотна суспензија – забрана за натпреварување во МОТО ГП шампионатот. Многумина кои се дел од мото спортот ова го оквалификуваа како обид за убиство, а во меѓувреме, пак, Фенати доби отказ од неговиот тим Маринели за срамниот потег, па јавно се извини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top