На 30 септември, следната година (2019) во Скопје доаѓа уште една голема музичка ѕвезда. Во рамките на својата светска турнеја „Vita ce n`e’“ која ќе ги опфати сите континенти, една од најголемите светски пејачки ѕвезди, ЕROS RAMAZZOTTI ќе одржи концерт и во Скопје во ВИП Арената, на 30 септември 2019 година.
Иако нема потреба да се наведуваат епитети околу неговото име и кариера и доволно е само да се каже дека голема ѕвезда доаѓа во Македонија сепак би додале неколку референци.
Италијанец по потекло, роден е на 28 октомври 1963 година и е еден од најпознатите италијански пејачи и автори на поп музика. Рамацоти има светска кариера, но врвот на кариерата го достигна во осумдесеттите години, а досега има продадено повеќе од 50 милиони дискови. Неговите концертни настапи се познати како едни од највозбудливите во историјата на поп музиката.
Ерос доаѓа во Скопје со комплетно своја продуцкија и Македонија ќе има шанса да види 100 отсто EROS доживување низ годиниве, покажано и докажано како едно од највозбуливите во светската музичка индустрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


