Младата македонска фудбалска репрезентација до 19 години го освои второто место на турнирот на федерации, кои во изминативе шест дена се одржа во Летонија, откако денеска ја запиша и втората победа во трите меча со триумфот над Фарски острови со 1-0.
Македонија заврши како втора со шест бода зад победникот на турнирот Украина, од која избраниците на новиот селектор Горан Станковски загубија со 0-2 во саботата. Претходно Македонија со два гола на Бојан Колевски ја победи Летонија со 2-1, а денеска со голот на Енсар Лума стигна до триумф над Фарските острови.
Македонската надежна селекција до 19 години од летово има нов кормилар во поранешниот репрезентативец Горан Станковски – Гама, кој на овој турнир дебитираше на кормилото, а ова беа подготовки за селекцијата за новиот квалификациски циклус за оваа генерација фудбалери, кои ќе се обидат да го повторат успехот на претходните надежи, кои стигнаа до елитната рунда на квалификации и запишаа една победа во трката за место на ЕП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст