| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар бара нов голман „и под дрво и под камен“

Ракометниот шампион на Македонија, Вардар буквално е во трка со времето и веќе е вклучен алармот за потрага на нов голман. Иако се чиниеше дека решението за позицијата чувар на мрежата е решено со Алжирецот Калиф Гебдан, работата се промени во последен час. Имено, Африканецот има проблеми со документацијата, па овој трансфер е доведен во прашање, јавува Спортклуб.мк.

Сега погледите на „црвено-црните“ се насочени кон Вјачеслав Салдаценка, барем според медиумите во Белорусија кои велат дека нивниот репрезентативен голман е решението за клубот од Скопје.

Салдаценка моментално брани за Констанца од Романија, а претходно во кариерата има настапувано и за Одорхеи во Романија, како и за СКА Минск во домашниот шампионат, но и Бундеслигата каде што го носеш дресот на Балинген.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top