Иако 13 години живееја под ист покрив, Ирена и Орце сепак не ставија потпис и никогаш не стапија во брак…
Естрадно –новинарската двојка, Ирена Спасовска и нејзиното момче Орце Гелевски се разделија по 13 годишна врска и ставија крај на нивниот заеднички живот.
Во медиумите се шпекулираше дека причина за нивната разделба е ново момче на Ирена, а таа сега првпат прозбори и во интервју за Вечер прес откри во какви односи е со бившото момче.
„Чаршијата може да зборува што си сака, затоа и се вика чаршија. Но, за сето тоа е “заслужна” една новинарка (В.М.) а, пишува паушално и без мојата потврдена изјава. Таа се дрзна, пишувајќи невистини од типот “чаршијата збори….” Ете, колку да си го пополни порталот, а при тоа не размислувајќи дека со тоа нанесе непроценлива штета врз мојот интегритет, моето дете и моето семејство. Тоа е крајно непрофесионално. Колку што знам и за неа чаршијата зборува дека ја немаат видено 15 години со маж и дека оди на промоции само да јаде, не следејќи го со внимание настанот. Или е викната само да трачари? Тоа и е стилот иако тоа што го изнесе, тие непотврдени изјави од мојата страна, сигурно ја направиja среќна, а сигурно тој ден ја доби и читаноста. Инаку, ставив крај на врската со Орце, сега сме само во одлична пријателска и професионална комуникација…….А, како ќе биде, ќе видиме…. доколку со новата емисија во МТВ сметаат дека имаат потреба да им пеам, јас сум тука, како еден вистински професионалец. Не би требало да се чувствувам бојкотирано, бидејќи и тие се професионалци…“ изјави Ирена за Вечер.
Иако 13 години живееја под ист покрив, Ирена и Орце сепак не ставија потпис и никогаш не стапија во брак.
За изјава беше прашан и Орце кој пак за порталот 7дена.мк тогаш кажа:
„Да точно е дека се разделивме. За причините прашајте ја неа. Јас нема што друго да кажам. Мајка ми има проблем со здравјето и со неа деновиве сум по болници“, рекол Орце.
Во интерес на вистината истиот сајт, го контактирал и Мухи. Откако распрашал со кого зборува кусо одговорил – „Немам што да кажам. Чао“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст