| четврток, 6 декември 2018 |

Почина 16-годишен кикбоксер среде натпревар

Голема трагедија се случи за време на турнир во кикбокс во Босна и Херцеговина откако млад натпреварувач почина од повредите заработени во борба.

Кикбоксерот од Славонски Брод, Хрватска, имал само 16 години. Заработил силен удар под ребрата, но се подигнал и ја завршил борбата. Потоа му се слошило и се струполил во ходникот од салата во која се одржувал турнирот. Медицинскиот персонал веднаш му укажал прва помош, но момчето починало.

Веднаш бил префрлен и во најблиската болница, а таму докторите цели 65 минути се обидувале да го повратат, но безуспешно. Точните причини за неговата смрт ќе бидат познати откако ќе биде извршена обдукцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top