Во сведочењето пред судот за настаните на 27-ми април Министерот за внатрешни работи, вице-премиер и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски изјави дека во еден момент додека траеле немилите настани во прес-салата, тој побрал од Талат Џафери да му се јави на тогашниот министер Агим Нухиу и да побара од него помош, односно интервенција на полицијата.
Џафери му се јавил на Нухиу и тој рекол дека ќе интервенира, но според зборовите на Спасовски – „таква интервенција немаше“. Овој момент во сведочењето на Спасовски укажува на повеќе проблеми во случајот и самото обвинение. Прво, се потврдува дека Нухиу имал можност да интервенира, а не сета одговорност да се префрла на другите луѓе од МВР кои денес се судени за тероризам, бидеќи Агим Нухиу не е меѓу обвинетите. Оливер Спасовски добро знае што зборува бидејќи е Министер за внатрешни работи и ги знае своите ингеренции.
И второ и поважно: се потврдува тенденциозноста на обвинението кое има многу слаби точки со кои никако не може да се оправда квалификацијата за терористичко загрозување на уставниот поредок на Македонија, а една од нив е токму манипулацијата со „златните, сребрените и бронзените команди“ во МВР која долго пред да се појави самото обвинение беше изнесувана од некои новинари кои се чини имаа задача „да го спремат теренот“ за „линч“ на Чавков и другите луѓе од МВР опфатени со овој случај. Обвинителството и покрај тоа што ги знае овие факти (како што знае и дека нема никаков „тероризам“ во настаните од 27-ми април) сепак ги изнесе во обвинение, на кое му претходеше истрага и притвор за сите тогаш осомничени, а сега обвинети луѓе.
Тогашниот министер, а сега заменик министер за внатрешни работи Агим Нухиу ќе се појави како сведок на едно од досега закажаните 65 рочишта, поточно на она закажано за 21-ви септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст