| четврток, 6 декември 2018 |

Академија за протокол: Погрешното знаме е еден од пострашните протоколарни гафови на нашите служби

Академијата за протокол на својата Фејсбук страница го коментира дипломатскиот скандал со погрешното знаме истакнато на пречекот на австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Академијата реагира дека на пречекот пред Владата наместо знамето на Австрија, беше ставено знамето на Летонија, за што Владата ѝ се извини на австриската делегација, со забелешка дека знамињата биле слични.

„И двете знамиња се со црвено-бела комбинација и тоа: Австриското: трите ленти се со еднаква широчина, а црвената е
Империјал Ред, шифра ED2939. Летонското: средната бела лента е потенка, а црвената е Џапаниз Кармине, шифра 9Е3039.
За ова дури и не треба да сте протоколџија, пет минути поминати на интернет се доволни.
Вака како што изгледа, се чини дека сепак станува збор за лошо изработено австриско знаме кое повеќе личи на знамето на
Летонија. Доколку ова се покаже како точно, ова ќе биде еден од пострашните протокларни гафови на нашите служби, за
што би требало да следи официјално извинување“, се вели на фејсбук-статус на Академијата за проткол.

Од таму исто така реагираа и на извинувањето од страна на владините служби при именувањето на државата во Латвија, имајќи предвид дека таа на македонски е Летонија.


Академијата за протокол врши обуки за деловна етикеција и дипломатски протокол според наставната програма на
Школата за протокол од Вашингтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top