| четврток, 6 декември 2018 |

И ќерката на Ванковска добила стипендија за универзитет на кој студира ќерката на Димитров

И ќерката на професорката Ванковска студира на универзитететот на кој студира ќерката на министерот Димитров која од владата добила 40 илјади долари стипендија за студирање.

Една од разликите во овие два случаи е што ќерката на Ванковска не добила стипендија од владата туку како талентиран студент стипендијата ја добила од Европска истражувачка институција.

Ниту една од ќерките на Ванковска не добиле стипендија од државата.

“Да пријавам дека и моја Сара е на студии (докторски) на Универзитетот во Утрехт, оној истиот кој Димитров го фали дека бил во првите 100 на Шангајска листа. И јас сум горда на неа!

Ама, Сара не ја чини Македонија ни денар, па дури ни родителите! Таа САМА си ја избори стипендијата (ЕДНА се доделуваше) од Европскиот истражувачки совет во конкуренција на 350 кандидати! И Марина доби стипендија од Карлетон универзитетот, а потоа и од Универзитетот од Тотонто. Ведрана од Мекгил …

На оние кои ги бива не им треба ни протекција, ни бугарски пасош, ни ЗА на референдум. Затоа, БОЈКОТИРАМЕ! И ќе си успеваме во животот како Македонки”, открива професорката Ванковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top