| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец пријавил дека му пукале во кучето со воздушна пушка

Вчера околу 11 часот во Полициската станица Гази Баба, Г.Д. (45) од Скопје пријавил дека во неделата во периодот од 23.00 до 23.30 час. на ул. „203“ во населба Гоце Делчев, непознат сторител со воздушна пушка пукал во неговото куче и го погодил во пределот на стомакот.

Тој го однел кучето во ветеринарна болница, а по укажаната помош било вратено дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top