| четврток, 6 декември 2018 |

Автопатот од Приштина до границата со Македонија ќе биде готов до крајот на годината

Автопатот од Приштина до границата со Македонија ќе биде готов до крајот на годината, најавија косовскиот премиер Рамуш Харадинај и министерот за инфраструктура Паљ Лекај, кои денеска направија увид во градежните работи.

ие, како што јави дописникот на МИА од Приштина, заедно со директорот на проектот Ријад Алкавзаи, ја посетија клучката на автопатот „Арбен Џафери“ кај селото Доганај, каде што се крева мостот Качаник-Генерал Јанковиќ во должина од 5,7 километри.

Алкавзаи ги информира премиерот и министерот дека на овој сегмент, кој е последен дел од автопатот што го поврзува косовскиот главен град со Македонија, се работи седум дена во неделата во две смени, за што се ангажирани над 300 домашни компании со околу 4.000 работници.

Харадинај по посетата напомена дека мостот кој се гради на тој дел е најголема таква градба во целиот регион.

– Им се заблагодарив на илјадниците работници и домашни фирми, како и на професионалниот тим на „Бехтел-Енка“ за нивните извонредни заложби, охрабрувајќи ги да ја задржат динамиката за завршување на овој проект до крајот на годината. Проектот на автопатот „Арбен Џафери“, а посебно импресивниот мост, претставува едно величествено дело, како доказ за нашата посветеност за регионално интегрирање, кое го отвора патот за остварување на аспирациите на Западен Балкан за обединување во европското семејство, напиша Харадинај на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top