-Кон крајот на месец март годинава целосно се промени животот на нашето семејство. Нашата најмала ќерка Софија, која што се развиваше како и секое нормално дете, во рок од една до две недели целосно престана да оди. Тоа ни беше шок, а дијагнозата поставена по сите испитувања беше застрашувачка, тумор на р’бетен мозок – вака ја започна својата приказна Катерина Караманолева, мајка на 22 месечната Софија од Струмица.
Фотографии од девојчето, под кои е објавен апелот за финансиска помош и сметката на која може да донираат хуманите граѓани, денес се актуелни на социјалните мрежи. Невините детски очи на фотографијата не оставија никого рамнодушен, па луѓето масовно започнаа со споделување.
Во разговор за ,,Фокус’’ мајката на Софија раскажува дека во изминатиот период поминале низ многу тешки ситуации. Во месец јуни девојчето било успешно оперирано во клиниката ,,Систина”, а долгот за интервенцијата бил на товар на фондот. Но, се испоставило дека туморот е високо малиген, од четврта група.
-Туморот се шири доста бргу, и за два месеци се појави повторно на дел кај вратот ( ЦНС). Лекарските тимови ни кажаа дека повторна операција е невозможна, хемотерапијата не помага, значи Софија мора да се зрачи. Кај нас зрачењето е класично, се плашиме дека сосема ќе ја уништи, таа е се уште многу мала. Овде на клиника прифаќаат да ја лекуваат, но јас како мајка, кога знам дека има и други решенија, сакам да ја однесам на клиника во Турција, на стереотактичка радиохирургија во болницата ,,Санте плус’’ во Истанбул – додава Катерина.
Таа потенцира дека е свесна како нејзиното залагање детето да го лекува во Турција, наместо во земјава, може да предизвика разни реакции, но тврди дека како родител го посакува тоа што проценила дека е најдобро решение за нејзиното дете, кое и без тоа е доста слабо и нема време за чекање.
-Јасно ми е дека ќе има побуни затоа што не барам покритие од фондот. Јас имав искуство со фондот и знам дека ќе биде долга процедура, а ние време немаме – вели мајката. Тие отвориле сметка за донации, а веќе добиле и телефонски број од Т-мобиле. Бројот од ВИП го очекувале најдоцна до утре.
Сите кои што се во можност да донираат, тоа можат да го сторат на следната сметка: Денарска: 300-0310000039-29
Девизна: IBAN –MK07300307064771533
SWIFT- KOBSMK2X Комерцијална банка
И на телефонот за донации за Т-мобиле 070 143 121
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.