| четврток, 6 декември 2018 |

Есента полека доаѓа: Минимални температури навечер и рано наутро

Во текот на следниот период полека но сигурно есента кај нас ќе започне да ја покажува својата сила и тоа особено гледано по минималните ноќни и рано утрински температури на воздухот кој ќе бележат тенденција на позначителен пад и истите ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 16 степени додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.

Според метеоролозите оние граѓани кои во текот на следниот период ќе стануваат рано наутро за да заминат на своите работни места со себе да понесат потопла облека затоа што полека но сигурно веќе рано наутро и тоа како температурите на воздухот ќе бидат типично есенски додека во текот на денот сеуште ќе биде релативно топло иако и максималните температури на воздухот ќе бележат тенденција на пад.

Сето ова ќе биде проследено со ветер од западен и од северозападен правец кој повремено ќе засилува по интензитет додека времето ќе биде ведро или претежно сончево со мала до умерена облачност а ќе има и понатаму услови за повремено и локално да проврнува краткотраен дожд а ќе има услови и за ретки грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top