| четврток, 6 декември 2018 |

Два италијански клуба летово биле заинтересеирани за Икарди

Аргентинскиот напаѓал, Мауро Икарди веќе неколку сезони е најдобар играч на Интер, а летово неговото име се поврзуваше со неколку од најдобрите европски клубови. Неговата сопруга Ванда Нара, која е и негов менаџер, за италијанските медиуми открила дека Аргентинецот имал две понуди од Италија.

– Еден контакт летово беше од Јувентус. Им даде седум гола и јасно беше дека сакаат да го купат. Неговата цел беше јасна од стартот, а тоа е останување во Интер. Јуве го сакаше, но потоа решија да го купат Роналдо. Исто така, разговаравме со Наполи, но Мауро не сакаше да замине таму, открила Нара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top