| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се скрати времето на царинење и гранични контроли и со Албанија

Македонија идната година ќе воспостави „уан стоп шоп“ и со Албанија, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Целта е, како што рече Бектеши, зголемување на трговската соработка меѓу двете земји.
– Македонија е целосно посветена на зголемување на соработката со државите од регионот, на основање заедничка економска зона со што ќе се зголеми конкурентноста на нашите компании, изјави министерот пред почетокот на јавната расправа во Стопанската комора на Македонија за придобивките на македонската економија од членството во НАТО и ЕУ.
Пред два дена, премиерот Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ на средбата на граничниот премин Табановце/Прешево најавија дека ќе почне реализацијата на проектот „уан стоп шоп“ кој се очекува да го скрати времето на царинење и гранични контроли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top