| четврток, 6 декември 2018 |

Една година условно за Мурињо за затајување данок

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, се согласи да биде осуден условно на една година затвор за даночни измами во Шпанија, информира „Ел Мундо“. Тренерот беше сослушан под обвинение дека скрил 3,3 милиони евра даноци на приход врз имиџ правата за 2011 и 2012 година, кога беше тренер на Реал Мадрид.

Против Жозе се водеа два случаи, во кои тој се прогласил за виновен и склучил договор со обвинителството за две шестмесечни казни. Покрај тоа, 55-годишниот Португалец ќе внесе 1,98 милиони евра во шпанската каса.

Се очекува информациите да бидат официјално потврдени за неколку дена. Како што е познато, при сличен случај и Кристијано Роналдо постигна договор и беше осуден на 2 години условно за прикривање на цели 14,7 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top