| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството дента се спремало за свадба, а планот на Поцеста бил убиство само на таткото

Убиството на семејството Поцеста, кое беше егзекутирано на 27 август во Дебар, постои сомнеж дека е дело на најстарата ќерка со иницијали Б.П. АЛСАТ М дознава од свои извори дека 28 – годишната ќерка, дошла во Скопје два дена пред убиството на нејзиниот татко, мајка и 14 годишна сестра. Иако првично не го признала патувањето, полицијата дозна дека таа дошла од аеродромот во Скопје и веднаш застанала во центарот на главниот град каде што купила нов телефонски број со кој го контактирала 31 годишниот Ф.Г. од Гостивар.

Двајцата се сретнале на автобуската станица во Гостивар. Ф.Г. контактирал претходно со девојката преку реклама на веб страница, и како возач и придружник на девојката, обезбедил изнајмен автомобил за 60 евра за подоцнежната активности. Триесет и еденгодишниот соработник во овој настан, исто така, го вклучил и неговиот 61 – годишен вујко, В.К од Дебар, познат по бројни криминални дела во локалната полиција, кој обезбедил пиштол.

Според извори на Алсат М, пиштолот е обезбеден за 400 евра. По привременото сместување во хотел во Струга, девојката отпатувала кон семејството во Дебар со Ф.Г. Нејзините подоцнежни изјави се нејасни во однос на нејзината улога во настанот, но вели дека таа го обезбедила пиштолот по барање на нејзиниот татко. Таа дошла кај семејството, го оставила пиштолот под тепих и се вратила во Струга.

Но, во нејзиното подоцнежно сведоштво, 28 – годишната девојка со престој во Италија признала дека таа го нарачала убиството, но со намера за убиство само за нејзиниот татко. Убиството е нарачано за 700 евра, иако според нејзиното сведочење, во понудата било и вработување во Италија на 31-годишниот Ф.Г., соработник во убиството. Девојката рекла дека ракавиците и шамијата ги фрлила во контејнер по пат, за да не остави трага на пиштолот и за да не ја препознаат.

Според првичните анализи, убиството е професионално, со куршум во главата и вратот, а според експертите, тоа не можело да е извршено од девојката.

Сепак, овој злостор, според криминолошката практика, не ја ослободува девојката во улога на нарачател, соучесник или дури и извршител на убиството. Вчера, гостиварското обвинителство одреди притвор на три лица, 28 – годишната ќерка, 31 –годишниот гостиварчанец и неговиот вујко од Дебар, како потенцијални организатори и сторители на тројното убиство во Дебар на семејството Поцеста.

Останува нејасен мотивот за чинот, дали било поради семејни конфликти, прашање за наследство или друго. Убиството на семејството Поцеста го потресе Дебар, поради начинот на кое беше изведено. Жртвите дошле на одмор во Дебар, а беа пронајдени мртви во дворот од страна на нивните роднини, кои ги чекаа на свадба во кругот на семејството.

Извор: АЛСАТ М 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top