-Кој е Христијан Мицкоски да му кажува на народот што треба да прави, да се обидува да го замајува со скапи маркетиншки трикови и странски ПР советници. Кој ми го дал тоа право? Моментот кога одбрав да влезам во политиката, свесно одбрав да бидам слуга на мојот народ и тоа ќе продолжам да бидам. Не може за национално прашање да одлучуваат политички елити. Ова не се партиски надитрувања, иако знам дека на СДСМ позициите во партијата им се се, на нас Македонија ни е се. Нема партиите да одлучат, за национално прашање ќе одлучи нацијата и на нејзината одлука сите ние ќе се поклониме и тоа ќе биде тоа. Времето на недопирливи политичари, самозамислени владетели и тоталитаристи во Македонија ќе заврши кога ќе завршиме со оваа влада. Зоран Заев ќе биде последниот мрачен лик кој ја запоседнал премиерската фотелја и тоа ви го ветувам. На крај, не можам а да не се потсетам на еден цитат, историски врежан во меморијата на сите оние кои Македонија и ВМРО им е при срцето: Ако водам – следете ме, ако се двоумам – поттурнете ме, ако ве предадам – убијте ме порача Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот сенароден марш во Кичево на кој насобраниот народ му кажа НЕ на договорот со Грција, а ДА на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


